pivo2

Првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд се одржа во 2008-ма година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009 година, имаше околу 150.000 посетители, а последните неколку години, бројката се зголеми за неколку пати, стои во соопштението.

Денес, Пиволенд израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје. Традиционално и оваа година, локацијата на Пиволенд ќе биде скопското Кале, а фестивалот започнува на седми август (понеделник) и ќе трае се до 12-ти август (сабота).

Посетителите ги очекува многу добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.

Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.

email