za-novosti-web

Фото: Капитал банка

Со новиот депозитен производ на Капитал банка, 15-Ка, корисниците можат да штедат во денари на 15 месеци. Банката нуди каматна стапка од 2,55% (изразена номинално, на годишно ниво) којашто е фиксна за целиот период.

Со орочување на средствата корисниците добиваат месечна исплата на камата и немаат ограничување за минимален износ на орочување.

Во случај на предвремено раскинување на договорот се пресметува камата по видување.

Фондот ги обештетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението.

Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.

Капитал банка на корисниците им нуди можност да закажат термин за состанок со цел да се информираат со поволностите на производот. Заинтересираните можат да испратат имејл на info@capitalbank.com.mk или да се јават на +389 2 3102 563.