clock

Фото: Pixabay

Една од најважните задачи што треба да ги совладат претприемачите е да научат како да менаџираат со сопственото време. Доколку научите како ефективно и ефикасно да управувате со вашите 24 часа во денот, лесно ќе го постигнете и балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Споделуваме 20 совети што ќе ви помогнат во однос на менаџирање на вашето претприемничко време:

  1. Секогаш имај и одржувај свежа to-do листа.
  2. Постави лични и бизнис цели.
  3. Направи листа на приоритет на сите активности.
  4. Категоризирај ги активностите согласно важноста и ургентноста.
  5. Не одложувај.
  6. Имплементирај систем за менаџирање на одвлекување на вниманието.
  7. Биди реалистичен во однос на твоите способности и можности.
  8. Прави паузи.
  9. Користи тајмер или аларм што ќе те потсети да запреш со работата за денес.
  10. Избегнувај да правиш повеќе работи наеднаш.
  11. Ветувај го само она што можеш да го исполниш за семејството и за клиентите.
  12. Подели го денот врз основа на рутински задачи и оние вистински проекти коишто носат пари за твојот бизнис.
  13. Биди сигурен дека рутинските задачи се последни на листата за завршување.
  14. Делегирај сè што може да биде делегирано.
  15. Користи аутсорсинг за дел од активностите.
  16. Често оценувај го трошењето на твоето време.
  17. Елиминирај сè што ти го троши залудно времето.
  18. Имплементирај рутини секаде каде што е возможно.
  19. Не обидувај се да бидеш перфекционист.
  20. Награди се себеси.