23d12eda53e316cd46aedbcffc6f6c58_original

Фото: Kickstarter

Ravean ракавиците се совршени за оние кои имаат ладни дланки. Тие направени од козја кожа и се дизајнирани да ги држат рацете топли со само еден допир на копче.

Корисникот може да си ја одбере саканата топлина, според три нивоа – ниско, средно и највисоко ниво на затоплување. Со нив може да се пишува на екранот од мобилниот телефонот, а со едно полнење траат цели 6 часа.

Ravean се водоотпорни, а на зглобот може да се стегнат или олабават со помош на ременчето. Издржливи се на секакви временски услови и удобни за носење. Достапни се во величини од XS до XL за женскиот модел и од XS do XXL за машкиот.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 99.605 долари од побараните 10.000, а кампањата трае уште 30 дена. Тимот од Јута се надева дека првите испораки ќе бидат во декември 2018 година.