emo-ohrid

Одборот на директор на Македонска берза, на седница одржана на 28-ми овој месец, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од ЕМО Охрид.

Исклучувањето е заради отворена стечајна постапка врз компанијата.

Акциите издадени од ЕМО Охрид ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 29.12.2016 година.

ЕМО Охрид е компанија за производство на електрични машини и апарати.

email