android-wi-fiФото: Pexels

Новиот Android 8.1. ќе ви покаже колку брз може да ви биде преносот на податоци и без да мора претходно да бидете приклучени на интернет.

Android Oreo е моделот којшто со помош на новата надоградба на Google ќе прикаже колку брзи се понудените бежични Wi-Fi мрежи, а потоа вие да процените дали да се конектирате или не. Телефонот нема да покажува конкретна бројка, туку ќе пишува дали мрежата со којашто сакате да се споите е Very Fast, Fast, OK или Slow, пишува The Verge.

Во кафулињата најчесто ќе може да се сретне ОК бежична конекција, доволна за пребарување на интернет и користење на социјалните мрежи. Сепак, оваа надоградба нема да важи кај приватните мрежи кои се заштитени со лозинки, туку исклучиво кај отворените мрежи.

email