anna_gorenje-chatbot

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство, Gorenje го претставува дигиталниот асистент за продажба – Anna. Овој виртуелен помошник, словенечката компанија го претстави на саемот за електроника и апарати за домаќинство IFA во Берлин, стои во официјалното соопштение.

“Ботовите мошне брзо стануваат нормална работа и го поедноставуваат корисничкото искуство, бидејќи тие комуницираат со клиентите со помош на компјутер, а сепак водат разговор како човек со човек. Со претставувањето на Anna планираме да го подобриме корисничкото искуство на нашите дигитални канали, а воедно и да го подигнеме целокупното online – offline искуство. На овој начин, го поедноставуваме процесот на истражување на производи, нудејќи удобна и едноставна опција за подобро и побрзо информирање на потрошувачите за производите на Gorenje“, вели Владимир Нардин, раководител на секторот за дигитален маркетинг на Gorenje Group.

Задачата на Anna ќе биде, преку социјалните мрежи и официјалните интернет страници на Gorenje, да го подобри корисничкото искуство на клиентите, да им помогне во информирањето, да им го олесни пребарувањето и изборот на производите. Исто така, Anna ќе може да помогне во објаснување на функциите на производот и слично.

email