apple-1839363_960_720

Фото: Pixabay

Apple ја купи дигиталната платформа за претплата на списанија Texture, пишува BBC. Услугата им нуди на корисниците во САД неограничен пристап на повеќе од 200 наслови по цена од 9,99 долари месечно.

Платформата претходно ја поседуваше Next Issue Media, којашто е поддржана од издавачите на списанијата Conde Nast, Hearst, Meredith, News Corp, Rogers Communications и Time Inc.

Texture беше претставена на пазарот во 2010 година и ја освои наградата Best Of (Најдобар) од страна на  уредничкиот тим на App Store во 2016 година.

Apple веќе поседува услуга за претплата на музички стриминг и пушта во употреба нови телевизиски содржини со што може да стане и конкурент на Netflix.

Сумата што технолошкиот гигант за одвоил за да ја купи платформата не е позната.