Калин Бабушку косопственик на Македонија - Експорт

Калин Бабушку

Косопственик на Македонија - Експорт

Авторите на овие текстови, Петар Лазаров и Калин Бабушку, во екот на својата зрелост, решаваат да го посветат својот живот во Македонија на правење добри, убави и квалитетни нешта. Амбициозни и свесни за општественото опкружување, тие непрестајно се обидуваат да создадат препознатливи македонски брендови, трудејќи се да уживаат во она што го работат. Секогаш позитивни и оптимистични, Перо и Калин како добри познавачи на домашните работи, на највисоко можно професионално ниво, со силна волја и многу љубов, ги стимулираат и ги развиваат бизнисите и нивните брендови во нашата земја. Преку поддршка и развој на проекти од општествен интерес, МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг неуморно работи на развој на бизнис стратегии, обуки, креирање на брендови, извоз, итн. Петар и Калин веруваат дека НИЕ самите сме оние кои треба постојано да влијаеме на промените и да ги креираме. Нивната цел е единствена - Да се извлечеме од оваа состојба на мирување! Токму и затоа, преку нивното мото Едукација, Едукација и Едукација! самите сфаќаат дека доколку сакаме да се поместиме понапред, од актуелната ситуација, ќе мора постојано да инвестираме во своето знаење. Впрочем, како што тие неретко знаат да кажат, „Ако сакаме Македонија да ја ставиме на видно место на економската мапа во светот, мора да нудиме квалитет што ќе биде препознатлив, но не само во домашни услови!“. Димитар Банов (новинар, сценарист и баскетџија) Tip of the Week се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 50 совети е издаден единствениот прирачник за личен и професионале развој www.macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-меил или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

http://www.macedonia-consulting.com
Напишано од

Калин Бабушку:

Што е лошо во критикувањето?

Што е лошо во критикувањето?

Критикувањето кажува повеќе за човекот што критикува отколку за оној што го критикуваме.

Прочитај повеќе

Прослави

Прослави

Прославите се убава работа. Од друга страна, пак, сè помалку прославуваме. Не би сакал да навлезам во причините, но бројот на прослави од година во година се намалува и стануваат сè поретки. Луѓето како да се срамат да прославуваат.

Прочитај повеќе

Хаос на маса

Хаос на маса

Велат дека каква ти е работната маса, таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде во прилог, но пробувам да се променам.

Прочитај повеќе

Неспиење

Неспиење

Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално, потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не во текот на целиот ден.

Прочитај повеќе

Никој не ни е крив

Никој не ни е крив

Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам ви е тешко или вие нешто не сте направиле како што треба!?

Прочитај повеќе

Време за вас

Време за вас

Не смееме да се изгубиме во сето ова време на брзање. Потребно е, од време на време, да размислиме за тоа каде сме, што правиме, до кај сме… да си бидеме сами.

Прочитај повеќе

Домашна задача

Домашна задача

Пред некој ден се вратив од зимување и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“.

Прочитај повеќе

Почеток

Почеток

Нека не ве мрзи, туку земете молив и ливче и запишете си ги работите што си ги посакувате…

Прочитај повеќе

Набрзинка

Набрзинка

Секојдневно сме атакувани со информации за нешто што може да се направи набрзина. Ослабете за 3 дена! Рамен стомак за 2 дена! Научи јазик за 7 дена!

Прочитај повеќе

Мудри одлуки

Мудри одлуки

Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме до крајната цел, но некои од нив се со големо значење.

Прочитај повеќе

Поставување цел

Поставување цел

Да се постави цел е процес за размислување за вашата иднина, нешто што ве тера во животот својата визија да ја претворите во остварлива реалност.

Прочитај повеќе

Расправија

Расправија

Кога влегувате во расправија, пробајте да бидете повнимателни и немојте да се фокусирате на тоа кој е крив, а кој не, туку како да ги решите работите!

Прочитај повеќе

Состанок

Состанок

Внимавајте, состаноците знаат да бидат многу досадни и да консумираат многу од вашето време, па затоа од вас најмногу зависи дали ќе го дозволите тоа или не.

Прочитај повеќе

Шпиц

Шпиц

Тргнувајќи од дефиницијава, сакале да признаеме или не, ние сме во шпиц 24/7.

Прочитај повеќе

“Работа” за време на празник

“Работа” за време на празник

Каков и да е неработен ден или продолжени викенди, сепак тие многу влијаат на секојдневните активности и рутини. Едноставно сте во прекин и веќе следниот ден ќе треба да се вратите во нормала.

Прочитај повеќе

Граници на можноста

Граници на можноста

Морето на можности е без граници и сите оние се тука околу нас и вас. Се зависи од вас самите. Затоа е и најважно да почнете од самите себеси, од мозокот, односно од промените во него!

Прочитај повеќе

Репутација

Репутација

Една од поважните работи во нашите животи, да не кажам и најважна капитална инвестиција на која треба да обрнеме внимание, е нашата репутација. Нашата репутација дома, на работа, пријателите, општествениот живот.

Прочитај повеќе

Лојални играчи

Лојални играчи

Лојалните играчи се личности кои се дел од тимот и се посветени на идеалите и на задачите што тој тим ги има или ги поставува.

Прочитај повеќе

Исчекување

Исчекување

Едноставно, фазата на исчекување е дел од животот (службен и приватен) кој на сите нас ни се има случено и ќе ни се случи. Немојте да дозволите овој период да ви влијае на вашето секојдневие.

Прочитај повеќе

Фаќање прибелешки

Фаќање прибелешки

Многу често се случува да ми дојде некој на состанок без пенкало и без тефтер, и да бидам искрен, веднаш имам чувство дека состанокот е залуден.

Прочитај повеќе

Топло e

Топло e

Животот и работата не трпат моменти – дали е топло или не е, туку тие треба да си врват.

Прочитај повеќе

Доцнење

Доцнење

Доцнењето е многу лоша навика. Тоа е навика која ве карактеризира и приватно и службено. Карактерна особина којашто не се менува лесно, само затоа што дополнително и околината ве карактеризира како личност која доцни.

Прочитај повеќе

Преземање на одговорност

Преземање на одговорност

Кога наоѓаме изговор за нашите постапки или пробуваме да обвиниме друг, тоа не само што нè карактеризира како личност која не презема одговорност, туку и личност која е склона кон неуспех и лаги.

Прочитај повеќе

Не ми е денот

Не ми е денот

Сите ние сме почувствувале врз нашиот грб моменти кога баш и не ни се работи. Момент, кога остварувањето на целите се на второ место, едноставно не ни е денот.

Прочитај повеќе