Калин Бабушку косопственик на Македонија - Експорт

Калин Бабушку

Косопственик на Македонија - Експорт

Авторите на овие текстови, Петар Лазаров и Калин Бабушку, во екот на својата зрелост, решаваат да го посветат својот живот во Македонија на правење добри, убави и квалитетни нешта. Амбициозни и свесни за општественото опкружување, тие непрестајно се обидуваат да создадат препознатливи македонски брендови, трудејќи се да уживаат во она што го работат. Секогаш позитивни и оптимистични, Перо и Калин како добри познавачи на домашните работи, на највисоко можно професионално ниво, со силна волја и многу љубов, ги стимулираат и ги развиваат бизнисите и нивните брендови во нашата земја. Преку поддршка и развој на проекти од општествен интерес, МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг неуморно работи на развој на бизнис стратегии, обуки, креирање на брендови, извоз, итн. Петар и Калин веруваат дека НИЕ самите сме оние кои треба постојано да влијаеме на промените и да ги креираме. Нивната цел е единствена - Да се извлечеме од оваа состојба на мирување! Токму и затоа, преку нивното мото Едукација, Едукација и Едукација! самите сфаќаат дека доколку сакаме да се поместиме понапред, од актуелната ситуација, ќе мора постојано да инвестираме во своето знаење. Впрочем, како што тие неретко знаат да кажат, „Ако сакаме Македонија да ја ставиме на видно место на економската мапа во светот, мора да нудиме квалитет што ќе биде препознатлив, но не само во домашни услови!“. Димитар Банов (новинар, сценарист и баскетџија) Tip of the Week се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 50 совети е издаден единствениот прирачник за личен и професионале развој www.macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-меил или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

http://www.macedonia-consulting.com
Напишано од

Калин Бабушку:

Лојалност

Лојалност

Лојалноста е тесно поврзана и со довербата, па ако сте човек од доверба, тогаш очекувајте и лојални луѓе околу вас. Во спротивно лутете се самите на себеси, зошто луѓето околу вас не ви се лојални!

Прочитај повеќе

Здраво за готово

Здраво за готово

Цело време нè учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да биде злоупотребена или искористена против вас.

Прочитај повеќе

Надворешни соработници

Надворешни соработници

Надворешните партнерства и поотворените работни односи треба да бидат цел на секоја компанија или работа која ја работите.

Прочитај повеќе

Што е лошо во критикувањето?

Што е лошо во критикувањето?

Критикувањето кажува повеќе за човекот што критикува отколку за оној што го критикуваме.

Прочитај повеќе

Колку музика, толку пари!

Колку музика, толку пари!

Целиот “товар“ тука е ставен на вашите перформанси и услугите што ги нудите, па всушност, врз основа на она што ќе го остварите или дадете, толку ќе бидете и платени!

Прочитај повеќе

Прослави

Прослави

Прославите се убава работа. Од друга страна, пак, сè помалку прославуваме. Не би сакал да навлезам во причините, но бројот на прослави од година во година се намалува и стануваат сè поретки. Луѓето како да се срамат да прославуваат.

Прочитај повеќе

Долгови и како да ги менаџираме!

Долгови и како да ги менаџираме!

Ако сте во долг, не е крај на светот, но секогаш треба да знаете дека долговите треба да ви бидат максимум колку што ви се и месечните (севкупни) примања.

Прочитај повеќе

Хаос

Хаос

Хаос и кризна ситуација се секаде околу нас и навистина треба да си магионичар за да знаеш кога ќе ти се случи

Прочитај повеќе

Хаос на маса

Хаос на маса

Велат дека каква ти е работната маса, таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде во прилог, но пробувам да се променам.

Прочитај повеќе

Неспиење

Неспиење

Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално, потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не во текот на целиот ден.

Прочитај повеќе

Договор, куќа гради – стара македонска поговорка

Договор, куќа гради – стара македонска поговорка

Договорите можат да бидат и помеѓу пријатели, другари, фамилија… можеби не во пишана форма, но постојат!

Прочитај повеќе

Никој не ни е крив

Никој не ни е крив

Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам ви е тешко или вие нешто не сте направиле како што треба!?

Прочитај повеќе

Преземање на иницијатива

Преземање на иницијатива

Имајте ја во глава целосната слика, но намалете ги чекорите до неа. Немојте да правите големи чекори кои понекогаш можат да бидат и тешко остварливи. Чекорете чекор по чекор…

Прочитај повеќе

Време за вас

Време за вас

Не смееме да се изгубиме во сето ова време на брзање. Потребно е, од време на време, да размислиме за тоа каде сме, што правиме, до кај сме… да си бидеме сами.

Прочитај повеќе

Слушај внимателно!

Слушај внимателно!

Слушајте ги внимателно луѓето околу вас посебно оние на кои им верувате!

Прочитај повеќе

Домашна задача

Домашна задача

Пред некој ден се вратив од зимување и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“.

Прочитај повеќе

Кога не иде, не иде…

Кога не иде, не иде…

Не е лесно да се откажете, ако навистина верувате дека работата ќе успее, но некогаш можеби е време да кажете, кога не иде, не иде! Време е да прекинам и да почнам нешто друго!

Прочитај повеќе

Почеток

Почеток

Нека не ве мрзи, туку земете молив и ливче и запишете си ги работите што си ги посакувате…

Прочитај повеќе

Набрзинка

Набрзинка

Секојдневно сме атакувани со информации за нешто што може да се направи набрзина. Ослабете за 3 дена! Рамен стомак за 2 дена! Научи јазик за 7 дена!

Прочитај повеќе

24 часа до успехот

24 часа до успехот

Ако сте блиску до успехот (80 – 90%), последните 24 часа е период кога треба да дадете максимум од себе и да побарате максимум од луѓето околу вас.

Прочитај повеќе

Мудри одлуки

Мудри одлуки

Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме до крајната цел, но некои од нив се со големо значење.

Прочитај повеќе

Поддршка на проект или акција

Поддршка на проект или акција

Поддршката на еден проект или акција e многу лесна и сè што треба да направите е да ја извадите вашата кредитна картичка и да го поддржите или да го споделите со вашите пријатели.

Прочитај повеќе

Откажување на работите

Откажување на работите

Понекогаш е потребно да знаете кога е време да го откажете проектот на кој работите и да продолжите понатаму.

Прочитај повеќе

Поставување цел

Поставување цел

Да се постави цел е процес за размислување за вашата иднина, нешто што ве тера во животот својата визија да ја претворите во остварлива реалност.

Прочитај повеќе