balans-pixabay

Фото: Pixabay

Станавме општество во кое очекувањата се високи, но ајде што се високи, туку сакаме работите да ни се случуваат многу брзо. Тоа е најмногу видливо на работа и на активности поврзани со работа, но не се малку ниту оние од општествен карактер.

Очекувањата кај луѓето се нормална работа. Но какви ќе бидат тие, најмногу зависи од тоа како ни се претставени. Истражувањата покажуваат дека очекувањата за некоја ситуација во животот претставуваат моќен момент за она што сакаме да го прифатиме и што сакаме да го признаеме. Тоа е така затоа што го добиваме она што сакаме да го очекуваме. А што (сакаме) да очекуваме мораме прво да го потврдиме со соговорникот, бидејќи она што нема да ни се потврди, може да доведе до претпоставки.

Затоа и треба да балансираме со очекувањата, но од друга страна, тоа не е лесно. Уште повеќе не е лесно, ако не зависи само од вас. Во прилог се неколку работи кои ќе ви помогнат во балансирање на очекувањата:

Одговорност – преземање одговорност за нашите акции. И не само наши, туку и на организацијата/институцијата за која или во која работиме. Не може да се каже дека не сте го создале тоа вие или се одложило нешто, поради компанијата, но од друга страна, ако навремено се изврши дека е само ваша заслуга.

Искреност – искрени кога станува збор за поставување на очекувањата. Нека не ви постојат како варијанта белите лаги за да се врати рокот, искреноста и чесноста се подобра варијанта. Одговорноста бара чесност.

Транспарентност – само со поголема транспарентност и постојана комуникација со сите инволвирани, сите можат да ја видат вистината. Транспарентноста е поврзана со одговорноста, а придонесува кон градење на вашиот интегритет и кредибилитет.

Интегритетот – е работа која треба да ја заслужите. Дали ќе ја заслужите уште од самиот почеток или подоцна, кога ќе ви биде потешко, од вас зависи. Доколку побргу разберете дека интегритетот сте вие, тоа е полесно за вас.

Грешки – никој не е совршен и мора да бидеме подготвени за правење грешки, но и за признавање на грешките. Само со тоа ќе можете да се поправите во иднина и побрзо изнаоѓање на решенија.

Почит – важно е да ги исполните очекувањата со почит.

Без оглед на вашата позиција на работа, дома или со пријатели, управувањето или балансирањето со очекувањата е важен дел од она што го правиме секој ден.

Со успех во промените,

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.