barbie-cover

Фото: Facebook

Barbie е култна играчка што го одбележа детството на голем број генерации. Успехот на оваа кукла започнува во 1959 година, кога Рут Хендлер, соосновач на компанијата Mettel, дизајнираше кукла инспирирана од својата ќерка Барбара.

Како се “роди“ Barbie

Рут ја забележала својата ќерка како си игра со куклички од хартија, кои од Барбара добивале улоги како возрасни луѓе. Поради тоа, таа му предлага на нејзиниот сопруг Елиот да направат таква кукла. Но, тој заедно со директорите на Mettel не се воодушевени од идејата на Рут. За кратко време заминуваат на семејно патување во Германија, каде што забележале кукла слична на таа што ја замислувале. Откако се вратиле во САД, Хендлер дизајнира подобра верзија од таа кукла која ќе го носи името на нејзината ќерка.

barbie-niz-godinite

Фото: Barbie.mattel.com

Еволуцијата на Barbie

Првата Barbie била облечена во црно – бел костим за капење. Куклата била изработена во Јапонија, а во текот на првата година од производството се продадени 350.000 барбики. Култната барбика низ годините се појавуваше во најразлични изданија – бринета или русокоса, со светол или потемен тен, сама или во друштво на Кент. Таа ги менуваше и своите професии: астронаут, хирург, олимписка спортистка, лекар, војник, ветеринар, новинар, пилот, кандидат за претседател, нуркач, бејзбол играч, стоматолог, инженер…

mattel-logo-facebook

Фото: Facebook

Приказната за Mattel

Mattel е американска компанија којашто се занимава со производство и дистрибуција на голем број познати светски брендови на детски играчки. Својата приказна, Mattel ја започнува во 1945 година во една мала работилница што им припаѓаше на Херолд Матсон и Елиот Хендлер. Името на компанијата доаѓа како комбинација од буквите на нивните имиња и презимиња. Матсон по извесно време го продава својот удел во компанијата, по што на раководни места останува Елиот заедно со неговата сопруга Рут. Првите производи што ги произведуваше Mattel беа рамки за слики, за потоа да започне приказната со детските играчки. Меѓу попознатите брендови на Mattel се: Monster High, Hot Wheeles, CARS, Toy Story, Teenage mutant ninja turtles, Dora & Friends, Blaze and the monster machines, Mickey Mouse clubhouse, Minnie Mouse и многу други.

На клучни позиции во Mattel во овој момент се: Кристофер Синклер, како извршен директор, Марго Георгагиадис во функција на главен извршен директор и Ричард Диксон како претседател и главен оперативен директор.

email