tradecore-facebook

Фото: Facebook

Белградскиот старт – ап, TradeCore, успеа да добие инвестиција во висина од три милиони долари од South Central Ventures (SCV). Добиените пари ќе бидат наменети за развој на платформа и уникатни алатки за брокери и компании и поединци кои нудат финансиски услуги.

“Средствата од инвестицијата ќе бидат искористени за меѓународна експанзија на Далечниот Исток, како и нови канцеларии во Тел Авив и пошироко. TradeCore има амбициозни планови за проширување на базата на клиенти на компанијата, забрзување на развој на производите и подигнување на свесноста за брендот“, вечи Стефан Пајковиќ, извршен директор на TradeCore.

Меѓу поважните производи на TradeCore е BrokerIQ – или таканаречен софтвер за брокери што нуди едноставно и единствено решение за клиенти, проверка на документи, спроведување на плаќања и следење на корисниците.

Во TradeCore денес работат околу 50 лица, а планирано е отворање на нови работни места поради ширење на азискиот пазар.

South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот, располага со 40 милиони евра за инвестиции во иновативни компании од: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. SCV има канцеларија во Скопје.

email