makedonska-berza2

Од вкупно 102 котирани компании на Македонска берза, 73 заклучно со вториот квартал од оваа година го завршиле со добивка, додека кај 29 е регистриран негативен финансиски резултат во истиот период, покажува Прегледот на финансиски податоци за котирани друштва.

Во вториот квартал од 2016 година, на Македонска берза котирале 106 компании од кои 77 оствариле добивка, додека со загуба кварталот го завршиле, исто така, 29 компании.

Вкупно остварените добивки на компаниите, имаат вредност од 5.573.758.413 денари, што е за 10,32% повеќе во споредба истиот период минатата година (5.052.571.524 денари).

Загубите, вкупно на сите 29 компании беа на ниво од 583.371.000 денари.

email