731_01-aerial-google-approved_frontend

Фото: BIG

Архитектонската фирма BIG (Bjarke Ingels Group) и технолошкиот гигант Google работат на заеднички проект – две деловни згради со закосени покриви што ќе се наоѓаат во Санивејл, Калифорнија, пишува Dezeen.

BIG заедно со Heatherwick Studio ги дизајнираат новите канцеларии на Google што ќе бидат сместени во петкатни градби, чија што големина ќе изнесува 47.000, односно 50.000 метри квадратни.

Зградите ќе бидат една до друга и ќе ги поврзуваат цик – цак патеки што се искачуваат на нивните закосени покриви. Овие пешачки патеки ќе водат до зелени површини што ќе бидат поврзани со внатрешноста на градбите и кафулињата со поглед на надворешниот дел.

Двете згради ќе сместуваат 4.500 работници од Google и ќе бидат своевиден креативен центар на новото седиште на технолошкиот гигант во Силиконската долина.

Освен тоа, проектот ќе вклучува и одделни комунални постројки како и паркинг простор за 2.085 возила (гаражи и надворешен паркинг). Компанијата очекува да ги премести своите вработени во новите згради до 2021 година.

email