14724578_1331252080250641_132941051309233583_n

Уште како студент, во 2012 година, младиот Ален Јусуповиќ, со почетен капитал од 4.000 долари, го остварил својот сон да започне сопствен бизнис. Парите ги добил на натпревар за добра идеја и во местото Завидовиќи, лоцирано меѓу Добој и Зеница, БиХ, отворил фарма за магариња.

На фармата произведуваат млеко и природна козметика на база на магарешко млеко, а отворени се и за посетители и развиваат рурален туризам.

15826437_1439123512796830_5853690988334529519_n

Ален за Бука кажува како почетокот не бил лесен, луѓето со чудење гледале на нивниот бизнис потфат. Сега нивната фарма има преку 20 магариња. И покрај големиот број животни на фармата, неделно произведуваат само неколку литри, затоа што една магарица дневно може да даде само неколку децилитри млеко.

Еден литар млеко го продаваат по цена од 50 евра, додека во Хрватска еден литар чини 70 евра, а во Европа дури и 100 евра. Од вишокот млеко рачно произведуваат козметика како сапуни, крема за тело и балзам за уста. Во план им е да почнат да произведуваат и сирење, кое во Србија чини 1.000 евра за килограм.

14494600_1311035218938994_159823893961566083_n

Магарешкото млеко се смета за најблиска замена за мајчиното млеко. Познато е како “антибиотик” за телото затоа што има антибактериски и антивирусни својства. Се користи за болести на дишните патишта и за јакнење на имунитетот.

Се пие во мали количини. Свежо се чува во фрижидер до три дена, а смрзнато до шест месеци.

email