bil

Ко – основачот на Microsoft, Бил Гејтс, издвојува неколку вештини коишто смета дека ќе бидат клучни за успешно наоѓање на работа во иднината, пишува Independent.

Врз основа на податоците што ги има собрано, технолошкиот претприемач вели дека во наредните години најбарани ќе бидат професиите поврзани со наука, инженерство и економија, а од вработените ќе се бара добро познавање на математиката.

“Не ќе мора да го пишувате компјутерскиот код, но ќе мора да разберете што можат, а што не можат да направат инженерите“, вели Гејтс.

Тој неодамна најави дека ќе предводи фондација со вредност од милијарда долари за борба против климатските промени, чијашто цел ќе биде истражување на нови начини за производство на чиста енергија.

email