pivo

Фото: E6PR

Пиварница од Јужна Флорида ќе тестира биоразградливи држачи за лименки пиво, пишува Fast Company.

Таканаречените прстени коишто држат шест лименки пиво заедно се дело на стартапот E6PR, а пиварницата што за прв пат ќе ги употреби за своите пива е SaltWater. Еколошките држачи се изработени од жито и јачмен што овозможува да се разградат.

Целта е да се намали пластичниот отпад што не се разградува и има штетно влијание врз околината, но и да се заштитат животните кои честопати се жртва на ваквиот вид на отпад откако ќе го проголтаат.

Концептот за прв пат беше претставен во 2016 година пред да го добие финалниот изглед. Ако првите вакви држачи се покажат како успешен производ, стартапот се надева дека и другите пиварници ќе ги употребуваат. E6PR, исто така, се надева дека ќе соработува и со производителите на газирани пијалаци.