ng

Од годината што ја оставаме зад нас понесете убави спомени, искуства, пријателства…, а во Новата година бидете подготвени за отворање нови хоризонти, соочување со нови предизвици и изградете основа за остварување на Вашите соништа и планови!

Тимот на Бизнис Инфо во Новата 2017 година Ви посакува здравје, среќа, успех и благосостојба.

Овие пораки нека допрат до вас и нека ве водат низ успесите во 2017 година:

Што Ви носи Новата година зависи од она што Вие ќе понесете во Новата година – Верн МекЛелан

Најдобриот начин да успеете е да престанете да зборувате и да почнете да работите – Волт Дизни

Утре е првата празна страница од празна книга со 365 страни. Напишете нешто добро – Бред Пејсли

Вчера е минато. Утре е иднина. Она што ни преостанува е денеска. Нека биде тоа убав почеток – Мајка Тереза

Сонот не станува реалност со магија. Потребна е пот, истрајност и напорна работа – Колин Пауел

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа – Елеонор Рузвелт

Имај храброст да го следиш срцето и интуицијата. Тие некако веќе знаат што сакаш да постигнеш. Останатото е споредно – Стив Џобс

email