bled1

Во Словенија познат како “скапоцен камен на Алпите“, Блед е посебно гратче сместено меѓу шумските падини на Јулиските Алпи на северозапад од Словенија.

bled-zelenoВо средината на смарагдно-зеленото езеро доминира единствениот природен остров во Словенија, каде се наоѓа средновековна црква. На карпестите планини во северниот дел на градот се издигнува црвено – белиот замок Блед од 11 век, што е повторно изграден и реновиран во 17 век.

bled-yamok

Во градот живеат околу 5.000 жители. Ова место изобилува со природни убавини и историски знаменитости, а езерото има и лековити својства. Блед е воздушна бања со термална вода, чија температура се движи од 23 до 28 степени.

bled-zima

Во зимскиот период Блед се претвора во вистинско ски место бидејќи се наоѓа помеѓу Вогел, Кобла и Крвавец, трите познати словенечки ски места.

email