bosh

Фото: Bosch

Германската технолошка компанија Bosch одлучи да купи 5% од акциите во компанијата за дигитално мапирање Here. BMW, Audi и Daimler – Benz во 2015 година ја презедоа оваа компанија од Nokia, а на почетотокот на минатата година Intel купи 15% од акциите на Here.

Оваа инвестиција е дел од стратегијата за ангажирање и во други технолошки гранки како што се паметни градови и паметни домови.

Here ќе започне со услугата Safety Services Suite што во реално време ги известува возачите за проблемите на патиштата, застои и предупредува за разни опасности.

email