web_stage_sprachassistent_16x9_img_h720

Фото: Bosch

Новата технологија на Bosch ги ослободува возачите од сè што може да им го одвлече вниманието и овозможува да се фокусираат само на возењето.

Гласовниот асистент одговара на името Кејси и се однесува како патник во автомобилот. Возачот може да зборува природно и опуштено со него, благодарение на неговата способност да разбере дури 30 јазици и неколку различни акценти.

Bosch потроши 10 години во развивање на гласовната технологија. Асистентот сам ги прави сите потребни пресметувања без да испраќа било какви информации во облак системот. Кејси може да зборува со возачот и во тунели и во места каде нема мобилна покриеност што значи дека одлично функционира и кога не е поврзан на Интернет.

Комуникацијата станува уште подобра кога возачот ќе му даде име по избор на асистентот. Гласовниот асистент на Bosch одговара со 44 женски и девет машки гласови.

email