edukativni-slozuvalki

Хрватскиот старт – ап Braille Riddles создаде едукативни помагала за дечиња со слаб или оштетен вид, пишува Пословни дневник.

“Предност на производот е тоа што на децата им овозможува на интересен и забавен начин да ја учат Брајовата азбука, а со тоа ќе развиваат и когнитивна и интелектуална способност, додека крајна цел ќе биде и подобрување на квалитетот на нивниот живот“, вели Тома Бабиќ, еден од членовите на Braille Riddles.

edukativni-slozuvalki-1

Со помош на овие помагала, децата ќе ја научат Брајовата азбука и во исто време ќе ги совладаат и препознаат предметите од околината што ќе им биде од голема корист при ориентација во просторот.

Во иднина планираат да го прошират бројот и видот на овие предмети, преку изработка на сложувалки со различни мотиви. Планираат и унапредување на дизајнот со што ќе бидат достапни за деца од различна возраст.

Едноставните сложувалки се наменети за учење на Брајовата азбука и препознавање на предметите од околината и се за деца до седум години. Малку постарите од нив добиваат и малку посложени сложувалки, додека за децата постари од 12 години се предвидени покомплексни сложувалки коишто бараат примена на логичко – математички начин на поврзување, јавува Радио Риека.

edukativna-slozuvalka

email