iosСо новата Project Based Learning Академија за iOS програмирање на мобилни апликации на Brainster и CodeWell, учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти. Преку 16 неделната Академија учесниците целосно ќе изработат три мобилни апликации што ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери. Дел од проектите ќе помагаат во решавањето на некој општествен проблем од типот на Komunicira.me.

Со оваа програма, прва од овој тип во Македонија, студентите самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Покрај финалниот проект, учесниците ќе имаат неделни предизвици и мини проекти за време на програмата. Главен инструктор на академијата e Мартин Анчевски, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спроведување на многу успешни проекти.

За потребите на оваа академија е обезбедена целосно опремена лабораторија со iOS development workstations со чија помош ќе работат на проектите. Селекцијата на кандидатите започнува на 1-ви Март, а групата ќе биде составена од 15-те најдобри учесници. Заинтересираните можат да аплицираат тука.