brandless

Фото: Brandless

Brandless е американски старт – ап што преку Интернет продава небрендирани производи по цена од само три долари.

Целта на овој старт – ап е да го промени начинот на размислување на потрошувачите во задоволување на нивните секојдневни потреби. Brandless може да ги понуди своите производи по цени што се пониски за 40% во споредба со просечните цени, бидејќи го ослободуваат таканаречениот “данок на бренд“ што го плаќаат потрошувачите.

Brandless успеа да собере поддршка од 50 милиони долари со цел да почнат со продажба на ваков вид на производи.

Во понудата на Brandless има: храна, додатоци за домаќинство, препарати за убавина, лична нега, производи за во домот и канцеларија, како и медицински препарати.

email