Познатите светски брендови како Google, Microsoft, Tesco, Nandos и Dairy Milk се приклучуваат на кампањата за крводарителство, дело на NHS Blood and Transplant и лондонската ПР агенција Engine Group, пишува Bored Panda.

На еден креативен начин со испуштање на буквите A, B и O од своите имиња, тие покажуваат колку се истите важни, а со тоа пренесуваат моќна порака за огромното значење на крводарителството алудирајќи на крвните групи.

Кон кампањата којашто оди на Twitter под хаштагот #MissingType, веќе се приклучени и познати знаменитости и останати глобални брендови. Таа има за цел да ја подигне свесноста кај луѓето во врска со ова прашање, особено додека трае Националната недела на крводарителство.

Количината на дарувана крв во последната деценија во светски рамки е намалена за 30%.

#MissingType започна на 16, а ќе трае до 21 август и ќе се спроведува во 21 земја. Во неа се вклучени 25 крводарителски организации од земјите учесници како САД, Австралија, Канада, Сингапур, Јужна Африка и Ирска.

brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-4-57b56e8ae8f8c__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-2-57b56e8719956__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-12-57b56e9989755__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-20-57b56eaac6344__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-5-57b56e8d27cd1__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-9-57b56e941ed04__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-7-57b56e90973f3__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-10-57b56e9616819__700brands-drop-letters-blood-donation-missingtype-campaign-nhs-blood-and-transplant-11-57b56e98043f8__700

Фото: Twitter

email