pound-coin-front

Британската влада објави дека ќе издаде нова монета од една фунта, која во оптек ќе влезе на 28 март, а старите ќе се повлечат до 15 октомври, пишува BBC.

Новата монета ќе има 12 страни и ќе се изработува во Кралската ковачница во Велс. Ќе се изработува од два метала. Надворешнот прстен е со златна боја (никел и месинг), додека внатрешниот дел е со сребрена боја (легура на никел). Новата фунта е потенка, полесна и со малку поголем дијаметар. На монетата има холограмска слика која се менува од симболот за фунта во бројот еден кога се гледа од различни агли. На фунтата стои ликот на кралицата Елизабета Втора.

Новата фунта се воведува поради заштита од фалсификување. Според податоците, околу една на секои 30 фунти што во моментов се во оптек е фалсификат.

Старата фунта е во оптек веќе 30 години.

email