mclimate-facebook

Фото: Facebook

Бугарскиот старт – ап MClimate, којшто разви паметен уред за далечинско управување со клима уреди, доби финансиска поддршка од околу половина милион евра, пишува бугарски Капитал.

Инвеститори се основачот на Телерик Академија (едукација на софтверски инженери), Васил Терзиев и инвестицискиот фонд Rosslyn Capital од Бугарија. Добиениот износ, MClimate инвестицијата ќе ја искористи за проширување на своето портфолио и промоција на пазарот.

MClimate е старт – ап основан пред четири години во Софија од страна на неколку млади претприемачи. Тие го создадоа уредот Melissa преку којшто домаќинствата може да ја контролираат температурата и потрошувачката на енергија на ефективен начин. Во нивното портфолио се и други уреди за радијатори, бојлери, детектори за чад, сензори за движење, направи за отворање врати и прозорци…

Првата инвестиција, MClimate ја добива во 2014 година, кога фондот за ризични инвестиции, Rosslyn Capital вложи 400.000 евра. Подоцна, дополнителни 200.000 евра доби од фондот Eleven.

email