bg

LAUNCHub Ventures, старт-ап акцелератор и seed инвестициски фонд со седиште во Софија, доби на располагање нови 18 милиони евра за инвестирање во бугарски стартапи и стартапи од југоисточна Европа. Европскиот инвестициски фонд учествува со 15 милиони евра, додека три милиони се од приватни инвеститори.

Просечната инвестиција во компанија е помеѓу 300.000 и 700.000 евра, а најголема потреба има за инвестирање помеѓу 100.000 и 200.000 евра и над 1,5 милиони евра, вели Станислав Сираков, партнер во LAUNCHub Ventures за Bloomberg TV Bulgaria.

До сега фондот располагаше со девет милиони евра.

LAUNCHub постои од 2012 година, од кога има инвестирано преку 3,5 милиони евра во преку 50 стартапи од 10 земји. Фондот е познат по мрежата ментори, советници и партнерски програми и најмногу инвестира во ИТ секторот.

email