social-media-2457842_960_720

Фото: Pixabay

Во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, на крајот на 2017-та година, CEED Македонија како водечки партнер, потпиша договор со Делегацијата на Европска Унија во Македонија за имплементација на проектот Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси. CEED Македонија ќе го спроведува проектот во партнерство со здружението Паблик од Скопје, Агритра-Визион од Пешкопеа, Албанија и CEED Албанија од Тирана, Албанија.

Двегодишниот проект финансиран од страна на Европската Унија ќе ги насочи своите напори кон поддршка и развој на социјалното претприемништво во пограничниот регион помеѓу Македонија и Албанија (пред се во Дибер регионот во Албанија и Југозападниот регион во Македонија). Меѓу главните цели на проектот ќе биде и зајакнување на врските и соработката помеѓу социјалните претпријатија и традиционалниот бизнис сектор. Идејата е да се креираат подобри услови за развој на социјалното претприемништво, преку создавање на услови за креирање на нови и поддршка на постоечките социјалните претпријатија.

Воедно, цел на проектот е и да се подигне свесноста на населението и клучните структури во двете земји за важноста на овој сектор и придонесот што тој може да го има кон поквалитетен живот во заедницата, како и свесноста кај традиционалниот бизнис сектор за придобивките и можностите од соработката со социјалните претпријатија.

email