dobar-vpecatok

Имате само една шанса да оставите добар впечаток за вас, а луѓето си создаваат претстава во првите неколку секунди од запознавањето. Во тој краток период личноста со која се запознавате, врз основа на вашето однесување и манири, го формира мислењето за вас. За да оставите добар прв впечаток треба да избегнувате да ги правите овие негативни работи, пишува Inc.

telefon

Гледате во вашиот мобилен телефон

Пред состанок или интервју, многумина го трошат времето гледајќи во мобилниот телефон, држејќи ја главата надолу. Со ваквото однесување се пропушта можноста да бидете присутни и да остварите контакт со очите кога некој ќе влезе во просторијата. Затоа, фокусирајте се на вашите мисли и набљудувајте што се случува околу вас.

Не сте го исклучиле звукот на телефонот

Со овој гест го одвлекувате вниманието на личноста со која имате состанок и давате до знаење дека известувањата на телефонот се поважни од неа.

prasanje

Не поставувате интересни прашања

Од голема помош е да имате подготвено неколку интересни прашања за да го скршите мразот со соговорникот. Истражете за компанијата во која работи и најдете релевантни теми за разговор.

Доцните

Кога ќе се појавите во точно утврденото време на закажаниот состанок, оставате впечаток на сигурност и доверба. Добро организирајте се кога закажувате состаноци или средби и земете ги во предвид и други фактори: оддалеченост, метеж во сообраќај, а на сето тоа додадете уште неколку минути за непредвидени работи.

email