tastatura-pixabay

Фото: Pixabay

Cryptotask е хрватски старт – ап што развива берза на труд на којашто работодавачи и вработени може да бидат луѓе или роботи, пишува Пословни дневник.

“Сакаме да создадеме пазар на труд на којшто нема да се дозволи неплаќање на извршената работа, ќе овозможи доследно решавање на можни спорови, ќе ги намали надоместоците и ќе може сите во светот да се вклучат на тој пазар“, вели Ведран Кајиќ, основач на Cryptotask, којшто прв постави bitcoin банкомати во Хрватска.

Роботите, како што се наведува, во фокусот се појавија на крајот, па првиот интерфејс на Cryptotask ќе биде мобилна апликација наменета за луѓето.

email