nt15

Фото: CTT

CTT или кратенка од Composite Technology Team е српски старт – ап што се занимава со производство на беспилотни летала и и други структури од композитни материјали, пренесува Екапија.

“Сите големи иновации почнуваат од гаража, така и ние почнавме сериозно да создаваме во гаража. Одевме чекор по чекор и тоа даде резултат. Нашиот прв производ беше беспилотното летало Никола Тесла 150, а од производите што ги развиваме за странски клиенти, меѓу останатите, се и еден хеликоптер за HighEye компанијата и најсовремен симулатор за скијање. Во овој момент сме во фаза на експериментално производство на композитни структури во индустриски сад под висок притисок и температура… Ние сме креативци кои сакаат да ги материјализираат своите креации“, вели Петар Матуновиќ, воздухопловен инженер и еден од основачите на CTT.

Овој старт – ап моментално е ориентиран кон развој на нови производи, пред сè беспилотни летала и специјални возила, базирани или на композитни материјали.

“До неодамна бевме фокусирани на развој на симулатор за скијање и други зимски спортови, што ги правевме за францускиот пазар. Тоа беше проект што долго траеше, а ние успешно го завршивме. Во овој момент работиме на беспилотно летало NT155 од типот MALE (medium altitude – long endurance) каде што сме единствена приватна фирма во светот што прави летала од таков тип…“, додава тој.

email