pexels-photo-450270

Фото: Pexels

Работната ангажираност значи посветеност, ентузијазам и страст на работникот кон компанијата и остварување на нејзините цели. Секој работодавач сака да има работници во својот тим кои вложуваат  екстра напор, ентузијазам и страст за напредок на компанијата. Во градење на компанијата лидерот верува дека избрал посветен и целосно ангажиран тим во вршење на мисијата на бизнисот. Но, ситуацијата треба да се следи, можеби работникот не е целосно ангажиран или не е задоволен од своето работно место.

Овие пет едноставни прашања можете да ги користите за тестирање на ангажманот на вашиот персонал:

  1. Задоволен сум што работам овде?
  1. Инспириран сум да дадам сè од себе за компанијата?
  1. Ретко мислам на работа на друго место?
  1. Сметам дека оваа компанија е најдобро место за мене?
  1. Би ја препорачал компанијата на пријател?

Овие прашања може да ги поставите на вработените како вистинити или невистинити или со оценување од еден до пет. Одговорите ќе ви помогнат да откриете дали се движите во вистински правец или имате проблем и треба да направите некои промени.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да ги подобрите работите и да ја поттикнете ангажираноста на својот тим.

Дајте им нешто да веруваат

Луѓето сакаат да бидат инспирирани. Направете огромна визија за вашиот бизнис и бидете сигурни дека ќе им покажете како се вклопуваат и ќе имаат корист преку постигнување на тој сон.

Фокус на конкуренцијата

Чувството за тоа дека “непријателот” сака да ја уништи компанијата, ќе ги инспирира вашите вработени да работат заедно за да го победат својот противник.

Овозможете им успех

Направете сѐ што можете да ги намалите препреките што го попречуваат успехот на вашиот тим. Откако тие ќе видат дека сакате да успеат, ќе бидат посветени да ја завршат работата за вас.

Прашувајте

На вработените им се допаѓа кога ќе им покажете доволно почит за да ги прашате за нивното мислење. Затоа, прашајте го вашиот тим што друго може да се направи за да се подобри културата на компанијата и да се направи работата попривлечна и задоволувачка. Имајќи го овој тип на постојан дијалог помага да ја подобрите посветеноста на вработените и добивање на добри идеи за унапредување на деловното опкружување.

email