ceed-macedonia

Центарот за развој на претприемачи и менаџери (Center for Entrepreneurship and Executive Development – CEED) ЦЕЕД Македонија, десет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување, know-how бизнис решенија, пристап до финансии и до нови пазари.

ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември 2007 како трет центар во мрежата на ЦЕЕД менаџерски и претприемачки центри основани од страна на американскиот инвестициски фонд СЕАФ кои постојат во Бугарија, Словенија, Романија, Србија, Мароко, Тунис, Танзанија, Ерменија, Албанија, Косово, Молдавија и Босна и Херцеговина.

ЦЕЕД креира заедница на претприемачи и ги поддржува менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите. Нашите главни услуги вклучуваат настани за градење на капацитетите кои се фокусирани на практични знаења надополнети со размена на искуства и менторство од успешни локални и интернационални бизнис лидери, пристап до финансии и силна регионална и меѓународна мрежа. Во текот на десетте години од постоењето, ЦЕЕД Македонија успеа да се позиционира на македонскиот пазар како единствен и иновативен давател на услуги за бизнис поддршка кој дизајнира и имплементира менаџерски и лидерски програми, програми за развој на личните вештини и консултантски услуги.

Во овие 10 години, докажавме дека ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за личен и деловен развој. Низ нашите програми за развој поминаа околу 1.500 претприемачи и менаџери од преку 1.000 компании, а нивните резултати се мерило за нашата успешност.

Пишуваме историја, креираме успешни приказни, градиме мрежа на претприемачи, сопственици на компании, менаџери и растеме заедно!

Ви благодариме и ги чекаме следните десет, десет пати побројни!

email