mozokЧовечкиот мозок може да ни помогне да ги оствариме најкомплицираните цели и притоа воопшто да не се замори.

Во продолжение неколку интересни информации што ќе ве изненадат.

За мозокот, нема разлика од реалноста до имагинацијата

Нашиот мозок реагира на секоја мисла и не може да ги разграничи фактите од фантазијата. Ова е причината поради која луѓето кои “носат розеви” очила се посреќни.

Менталната работа не го заморува мозокот

Чувството на замор на мозокот се јавува поради нашите емоции. Составот на крв што тече низ мозокот за време на активната работа останува непроменет.

Најчесто работи автоматски

Повеќе од половина од денот, нашите мисли се мисли од претходниот ден. Затоа, им е толку тешко на песимистите да ја променат својата перцепција за светот. Треба во буквална смисла да се исчисти мозокот и да се натера да реагира на позитивните работи мноу почесто.

Секоја мисла се претвора во животно искуство

На пример, ако сте сонувале за пат во Париз, ќе гледате потсетници за градот насекаде околу вас. Ако сакате да го промените светот околу вас, променете ги вашите мисли.

На мозокот му треба тренинг

Мозокот не е различен од мускулите, исто така му треба тренинг. Учењето, свежиот воздух, здравата храна, квалитетното спиење, патувањето на нови места, новите активности, танцувањето, можат да бидат корисни за нашиот мозок.

Никогаш не се одмара

Дурни и кога спиеме, нашиот мозок продолжува да работи напорни. Најчесто, активноста кога спиеме е поголема отколку онаа што ја имаме во текот на денот.

“Исклучувањето” од време на време е од витално значење

За да не се преоптовариме со илјадници негативни мисли, треба да се “исклучиме” за да го одмориме нашиот имунолошки систем. Не заборавајте на активниот одмор, за мозокот, тоа е најкорисен вид на релаксација.

Добро е да забораваме

Добро би било да можеме да одлучиме што ќе заборавиме, а што ќе помниме. За да го направиме ова, треба да ги користиме почесто информациите што сакаме да ги сочуваме.

Нашиот мозок не чувствува болка

Нашиот мозок реагира на болка, но не ја чувствува поради недостатокот на неопходни рецептори. Иако овој факт не важи за многу крвни садови, нерви и ткива што го опкружуваат мозокот.

Можеме да го промениме

Било која активност го стимулира нашиот мозок. Ако мислиме дека не сме способни да постигнеме нешто, оваа идеја само ќе се зајакне во нашата потсвест. Но, доколку ја користиме фразата ,“ќе успеам” самиот мозок ќе ви даде можност да ја реализирате вашата цел.