semejstvo

Во потрага сте по нова авантура која сакате да ја искусите со семејството? Тимот од Lonely Planet ги препорачува следниве дестинации:

Исланд

island-n

Санкање со кучиња, прошетки и разгледување на глечери, набљудување на поларната светлина или скокање во термални базени, може да биде дел од дневната агенда во Исланд. Ако ова не е доволно авантуристично за семејството, тогаш може да слезете во утробата на активен вулкан.

Нов Зеланд

nov-yeland-1

Природните убавини на Нов Зеланд и одличната репутација за кампување под отворено небо го прави популарна дестинација за фамилии. Изнајмувањето на камперско комбе е економичен начин да ја истражите оваа земја.

Маракеш, Мароко

maroko

Мали улички, продавници со зачини, свежо исцедени сокови, посетата на Маракеш е авантура за сите сетила и одлична можност да се научи уметноста на пазарењето.

Јужна Африка

kruger

Децата би уживале при посетата на Националниот парк Кругер каде ќе се запознаат со дивиот животински свет. Лавови, тигри, слонови и жирафи се набљудуваат од релативно мали растојанија.

Сноудонија, Велика Британија

snowdonia

Децата би сакале да ја откријат историјата на многуте замоци, да се искачат на планината Сноудон или да ги посетат пештерите.

Вашингтон, САД

international-spy-museum-0

Истражувањето на светски познатиот град е голема авантура. Таму може да се комбинира учењето на уметноста за шпионажа во Интернационалниот музеј, со доза на историја во Линколн Меморијал.

Југозападна Австралија

avstralija

Дали вашите деца летаат во облаци? Тогаш прошетајте ги во Долината на Великаните, патека над дрва долга 600 метри. Доколку сакаат пештери, посетете го Маргарет ривер регионот.

Јапонија
japan

За љубителите на технологијата, Јапонија е остварување на сонот. Може да се посетат и антички храмови и светилишта.

Шри Ланка

sri-l

Меѓу слонови и возови, антички храмови и плажи, тврдини и паркови, има многу работи што ги одржуваат семејствата постојано зафатени во овој остров.

Малезија

malez

Без разлика дали ќе одите на плажа или во џунгла, Малезија е одлична земја за да го запознаете детето со Југоисточна Азија.

email