11537710_1067926576560245_2379472373631424694_n-580x518

Фото: Facebook

Deutsche Bank за 2017 година ќе исплати бонус на своите вработени во вредност од над две милијарди евра, јавува Reuters.

Ова е еден обид на банката да ги задржи своите работници додека трае нејзиното  преструктуирање.

Бонусот од над две милијарди евра е значително поголем од оној во 2016 година којшто изнесуваше 546 милиони евра.

Deutsche Bank во јануари беше мета на остри критики откако најави дека ќе исплати бонус вреден над еден милион евра и покрај тоа што трета година по ред како работеше со загуба.

Во исто време Deutsche Bank планира отпуштања на 9.000 работници од кои 4.000 ќе бидат во Германија.