filip 1Филип Нордфелт, основач и извршен директор на Data Talks

Филип Нордфелт е искусен продажен агент и компетентен лидер со големи познавања во различни продажни организации. Тој е основач и извршен директор на Data Talks.

Филип го стекнува своето продажно искуство преку продавање на авиокомпании од 1999 година па наваму. Тој предводеше продажни кампањи за Scandinavian Airlines, Austrian Airlines и за Lufthansa Group. Со основањето на Data Talks, Нордфелт влегува во големата индустрија на податоци. Компанијата има за цел да ги подобри продажните процеси преку интегрирање на употребата на податоци во реално време. Специјалност на компанијата е проценка на моменталните понуди на пазарот базирани на потребите на клиентите.

БИ: Кои квалитети треба да ги има успешниот продавач, особено во авиоиндустријата?

Традиционално, поголемиот дел од продажбата се одвива преку туристички агенции и затоа односот кон овој дистрибутивен канал е многу важен. Сепак, со оглед на ниските маржи во авиоиндустријата, ефикасноста во продажбата е клучен фактор. Затоа е потребен висок степен на автоматизација. Тоа е причината зошто онлајн каналот е во пораст и ќе станува уште поважен во иднина. Авиокомпаниите треба да станат подобри во користење на новата технологија со цел да се приближат кон индивидуалните корисници. Ова треба да се направи на ефикасен начин за да не дојде до зголемување на трошоците. Потенцијалот тука е навистина голем, со оглед на тоа дека уделот од онлајн продажбата е помеѓу 20%-40% и постои прилично многу место за подобрување!

БИ: Дали постои некаква универзална алатка за остварување на успешна продажба?

Не, тоа е комбинација од повеќе алатки, но дигиталните алатки што денес ги имаме, како Internet of things, (IoT) социјалните медиуми и маркетинг автоматизацијата, стануваат сè попотребни. Исто така треба да се споменат и податоците. Погледнете ги податоците што се генерираат денес и можноста истите да се соберат, за потоа да се изведат заклучоци од нив со цел што подобро да ги таргетирате вашите клиенти. Погледнете само колку брзо компаниите од економијата на споделување (sharing economy) се развиваат и прераснуваат во глобални компании, како што се Uber и airbnb.

filip 2

БИ: Како може да се постигне поголема вредност на компанијата, а трошоците во исто време да останат ниски? 

Преку паметна имплементација и користење на технологијата, што би ни помогнало подобро да ги искористиме податоците што веќе ги споменав. Денес само мал дел од достапните податоци се користат на паметен начин.

БИ: Како Data Talks им помага на клиентите да изградат добра продажна стратегија?

Со имплементирање на технологија со којашто ќе се автоматизираат што е можно повеќе сегменти од продажниот процес. Денес е возможно да им се доближите на клиентите преку персонализирање на понудата, со комбинирање на податоците од вашиот Customer relationship management (CRM) – односи со клиентите, од самата историја на купување и од однесувањето на купувачите во реално време, од тоа што тие разгледувааат на интернет мрежата или на своите мобилни телефони. На пример, врз основа на тоа каде се наоѓа клиентот географски и што го/ја интересира, што пребарувал/а на вашата веб страна во изминатите два дена, можеме да создадеме релевантни понуди.

БИ: Вашето мото е дека продажбата никогаш не завршува. Дали компаниите посветуваат внимание на пост-продажните активности?

Секако дека посветуваат – погледнете ги само сите програми за лојалност. Се разбира, секогаш сакате клиентот да се врати и повторно да купува од вас 🙂

email