teal-tetovo-580x415

Компанијата од Теал од Тетово во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 7.072.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 10.740.000 денари.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 171.281.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 50.875.000 денари, додека поголемиот дел од 120.406.000 денари отпаѓаат на странски пазари.

Основна дејност на Теал од Тетово е производство на алуминиумски профили и легури.

email