img_4806

Новата школска година во ОУ Коле Неделковски, учениците ја започнаа во комплетно реновирана зграда, резултат на донацијата од Филип Морис ТКП. Нови врати, замена на старите оштетени подови и свежо варосани ѕидови, реновирана училишна библиотека, како и нова ограда околу игралиштето е дел од оваа вредна донација. Дополнително, со донираните средства училница за децата од второ одделение е опремена со нови клупи, столови, плакари, лаптоп, прожектор и “паметна” табла. Целта на донацијата е подобрување и модернизација на условите за учење и за предавање на наставните содржини, изјавуваат од Филип Морис ТКП.

“Образование е сегмент во кој што треба постојано да се вложува и каде лежат темелите на една здраво вредносно поставена заедница. Токму на ова се надоврзува и нашата заложба како компанија да помогнеме и да го стимулираме развојот на целокупното општество со акцент на образованието. Веруваме дека поддршката од бизнис секторот, посебно во образованието од каде образовани млади луѓе и идни вработени доаѓаат, ќе иницира и провоцира уште поголеми промени и ќе придонесат за развој на многу прогресивни идеи. Затоа, со реновирана училишна зграда и нова опрема на учениците им посакуваме успешна школска година”, изјави Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП.

За значењето на донацијата за училиштето говореше и директорката на училиштето Светлана Масларевска: “Образованието се соочува со многу и различни предизвици и затоа е посебно значајно кога бизнис секторот своето внимание ќе го фокусира на важноста на овој општествен сегмент. Донацијата од Филип Морис ТКП е значајна од повеќе аспекти, пред сè обемноста и тоа што придонесе за комплетно да се смени внатрешниот изглед на училишната зграда, да се опремат училниците со нова опрема и значително да се унапредат условите за работа и за учење. Не помалку значајно е тоа што убавата слика што учениците ја добиваат на првиот училишен ден, секогаш има позитивен ефект врз нивниот понатамошен пристап и перцепцијата на одењето во училиште.”

email