Dove_Rangeshot_101111Приказната за Dove започна во 1955 година во САД, кога благодарение на браќата Левер, светот за прв пат имаше можност да се запознае со новиот сапун со интересно лого – гулаб. Со својот патентиран состав, односно мешавина од благи прочистувачи и ¼ навлажнувачки крем, Dove ја чистеше кожата многу подобро од другите сапуни, оставајќи ја кожата мазна, мека и еластична.

Денес, 61 година подоцна, брендот значително ја прошири својата палета на производи. Гелови за туширање, шампони, лосиони за тело, тоници за чистење на лице, дезодоранси, балзами за коса, производи за стилизирање на косата, сето ова во името на природната убавина.

Сепак, огромниот успехот на Dove не се случи туку така. Unilever, компанијата која што стои зад брендот, пред 12 години започна кампања под мотото Вистински жени (Real women), со којашто стави акцент на природната убавина на припадничките на понежниот пол.

Campaign for Real Beauty

Наместо манекенки, компанијата се одлучи за обични жени. Како резултат на тоа, продажбата се зголеми за 700%, брендот доби огромна популарност, а жените поголема самодоверба.

Кампањата што поттикнуваше вистински вредности се покажа како полн погодок и брендот продолжи во иста насока прикажувајќи разни видеа каде самите жени се ставени пред тест да си ја оценат својата убавина.

Во 2006, Unilever претстави уште една успешна рекламна кампања, наречена Dove evolution. Преку неа се прикажува колку нашата перцепција за убавина е изменета, со оглед на тоа што билбордите и разните списанија прикажуваат фотошопирани лица на кои едноставно им е одземена природната убавина.

Screen-Shot-2014-06-30-at-3.59.37-PM

Уште една таква успешна кампања се случи во април 2013 година, каде Unilever и нивната рекламна агенција Ogilvy & Mather Brazil смислија интересен краток филм. Вистински цртач на скици од FBI добива инструкции и црта два портрети. Едниот од нив е како самата жена се опишува себе си, а другиот е како друга жена ја гледа неа. Она што ги зачуди сите е како жените се премногу критички насочени кон себе, додека во очите на другите изгледаат многу поубаво. Уште еден момент да се поверува во сопствената убавина.

На успешните кампањи се надоврзува и Choose beautiful, каде жените беа ставени пред уште еден тест да одберат дали припаѓаат во групата на просечни или во групата на убави. Краткиот филм беше дело на Ogilvy & Mather Chicago, а се снимаше во Лондон, Делхи, Сан Франциско, Шангај и Сао Паоло. Жените всушност требаше да изберат низ која врата ќе влезат. Дали ќе се одлучат за просечно или убаво.

За да не биде бренд посветен само за жените, во 2010 година компанијата одлучи да ги вклучи и мажите во својата приказна. Кампањата Care makes a man s+ronger вели грижата го прави мажот посилен, а зад хаштагот #RealStrength стои идејата дека секој маж е силен на свој начин.

Видеото е креирано од рекламната агенција Havas Helia, а прикажува 13 мажи од реални ситуации како емотивно реагираат кога нивните партнерки им кажуваат дека ќе станат татковци “подметнувајќи” им позитивен тест за бременост.

Смелите рекламни кампањи кои во целост ја промовираат природноста на личноста врзувајќи ја со природноста на нивните производи, придонесоа Dove да биде еден од најпрепознатливите брендови во светот.

Производите на брендот денес се произведуваат во Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Германија, Индија, Индонезија, Израел, Ирска, Мексико, Холандија, Пакистан, Филипини, Јужна Африка,Тајланд, Турција и САД. Истите се продаваат во повеќе од 80 земји низ светот и нудат целокупна нега и хигиена како за жени, така и за мажи.

email