peleti

Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети. По купувањето на печката за пелети, граѓаните ќе имаат можност да достават барање за надоместување на 50% од трошоците, но не повеќе од 500 евра по домаќинство.

Доделувањето на субвенциите ќе се одвива по принципот “прв дојден прв услужен“ и ќе трае до исцрпување на планираните финансиски средства.

Заинтересираните граѓани ќе треба да достават пополнето барање за надоместување на дел од трошоците, доказ дека е извршено купување на печка за пелети (фискална сметка или фактура) и изјава заверена на нотар дека досега немаат искористено средства од државниот буџет за оваа намена.

Јавниот оглас трае до 31 август 2018 година, односно до исцрпување на проектираните средства за субвенционирање. Пријавите од домаќинствата треба да се достават до Министерството за економија.

Во буџетот за 2018 година, за оваа намена се одвоени 14 милиони денари.

email