visa-pixabay

Фото: Pixabay

Visa и Dynamics претставија нова мултифункционална картичка што чува податоци од различни дебитни, кредитни и картички за лојалност и го решава проблемот со пренатрупаноста во паричникот, стои во соопштението.

Dynamics Wallet Card е со иста форма и големина како и регуларната Visa картичка. Има вградено чип од мобилен телефон и антена и благодарение на нив има низа нови подобрени функции.

Исто така, има и дисплеј од 65.000 мегапиксели што овозможува пренесување на информации од и до картичката на било кое место и во било кој период од денот. Корисникот добива информации на картичката, на пример, колку пари има на сметка откако ќе купи нешто и слични известувања.

Дисплејот покажува која картичка се користи во моментот, а доколку некоја информација биде компромитирана, банката веднаш ги брише и креира нова сметка. Ако се забележи сомнителна зделка корисникот одбира опција Not Me да пријави злоупотреба и бара нов број на картичка на лице место.

Според Visa, дигиталната картичка самостојно наплаќа и банките можат да ги издаваат во малопродажните филијали. Клиентите потоа ги активираат и веднаш ги “полнат“ со податоците од останатите картички.

email