kindergardenФото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки и центри за ран детски развој изнесува 35.286, што претставува зголемување за 2,6% во однос на 2016 година.

Со годишните извештаи во 2017 година се опфатени 99 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 3,1% повеќе во однос на 2016 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до две години, групи на деца во развоен период од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност), пишува во соопштението.