pexels-photo-346811 Фото: Pexels

Во декември 2017 година вкупниот број на туристи изнесувал 51.599, додека бројот на ноќевањата 103.721, стои во соопштението на Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22,6%, а бројот на ноќевањата за 28%.

Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19%, додека бројот на странските туристи за 24,7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 27%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 16,6%. Кај домашните туристи има зголемување за 6,3%, а кај странските за 23,5%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските  за 22,8%.

email