vodic_za_fe

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), изготви две едукативни брошури на следниве теми: Патување во светот на парите и Водич за финансиска едукација наменети за младата популација во државата.

Публикацијата Патување во светот на парите ќе придонесе младите да се информираат и да научат нешто повеќе за парите како важен дел од нашиот секојдневен живот, за историјата на парите, нивното потекло и нивната употреба во сегашноста, карактеристиките, функциите и формите на парите и нешто повеќе информации за националната валута на Република Македонија. Публикацијата Водич за финансиска едукација ќе помогне попаметно да управуваат и како одговорно да ги трошат парите, како да управуваат со приходите, кои се предностите од штедењето и што претставува буџет.

Целта на издавањето на овие едукативни публикации е да им се помогне на младите граѓани да донесуваат здрави финансиски одлуки уште од рана возраст.

Управување со парите се најзастапените форми на лични финансии и ја опфаќаат секоја група граѓани, почнувајќи од децата и младите. Заштедите може да помогнат во постигнување одредени финансиски цели, без разлика дали тоа ќе значи плаќање годишна школарина, купување нова компјутерска или спортска опрема, а притоа без да се дојде до состојба на барање заем.

Брошурите претставуваат мали практични водичи, достапни на македонски и на албански јазик, во кои се објаснува историјата на парите, коишто овозможуваат стекнување општа финансиска писменост на лесно разбирлив и едноставен начин.

Брошурите се дел од активностите спроведени во рамките на Проектот за финансиска едукација на Народната банка и ѝ се достапни за јавноста во електронски формат на официјалните интернет страници на Народната банка: www.nbrm.mk и на ЕФСЕ: www.efse.lu.

 

email