rootmanФото: Rootman

Со цел да се промовираат поефикасни начини за изолација и заштита на објектите при нивно градење, тим од Чиле го развил Thermoroot, биоразградлив и 100% природен материјал за изолација, пишува Arch daily. Направен е од корени без генетски модификации или хемиски адитиви, има топлинска и звучна изолација и е водоотпорен.

За да се изработи потребни се од 10 до 15 дена, зашто истиот се развива во изолирани комори каде што преку процес на ‘ртење се произведува семе од овесни или јачменски зрнца со посебно дефинирана дебелина на корените. Неговата изработка може да се врши при било каква клима и географска положба, со минимално искористување на енергија или вода.

За разлика од другите материјали за градење, овој материјал, почнува да гори дури по 60 минути од изложување на пламенот, велат неговите креатори. На пример, за време на пожар, Thermoroot, може да го апсорбира огнот до еден час со што им се дава можност на станарите да го напуштат обејктот што гори.

Креаторите на Thermoroot очекуваат производот целосно да ги замени конвенционалните изолатори, како што се проширениот полистирен, полиуретан или минерална волна и да стане ефикасна алтернатива на природните изолатори што се штетни за животната средина и човековото здравје.