02

Фото: Elliptical Stroller

Италијанецот Пјер Паоло Висконти, кој живее во Мајами, дизајнираше бебешка количка со направа за вежбање, со цел да им овозможи на младите мајки за кратко време да ја вратат својата тежина.

Elliptical Stroller може да се користи само како количка со тоа што механизмот се собира и воопшто не пречи при возење на бебето. Лесен е за користење, а освен прошетка за малечкото, мајката добива и екстра тренинг за себе.

Како што се управуваат педалите, количката се движи напред. Освен тоа, количката има и дополнителен простор за чување на потребните работи за бебето или она што ќе избере корисникот да понесе.

email