light-2568610_960_720

Фото: Pixabay

Енергетска компанија во Велика Британија се обврза дека ќе им плати на потрошувачите да користат електрична енергија кога побарувачката е ниска, пренесува Guardian.

Новата тарифа на компанијата Octopus, наречена Agile ги следи големопродажните цени и им дозволува на корисниците да ја “искористат“ шансата ако има вишок на набавка и цената на електричната енергија оди во “негатива“.

Во земјата секогаш кога се генерира повеќе електрична енергија отколку што има побарувачка, големопродажните цени паѓаат и добавувачите се платени да земат енергија надвор од мрежата. Ова обично се случува во ветровити, сончеви денови од викендот кога турбините на ветер и сончевите панели произведуваат многу енергија и побарувачка е релативно ниска.

Кога тоа ќе се случи, во иднина, клиентите ќе бидат известени преку е-пошта или на мобилната апликација на телефонот. Тие потоа ќе можат да ги вклучат своите машини за перење или на пример да го наполнат својот електричен автомобил.